Спасени 24 имигранти од чамецот кој се преврте во Егејско море

Спасени се 24 имигранти од бродот кој вчера се преврте во близина на грчкиот остров Самос.

Спасувачките служби и натаму трагаат по уште седум лица, кои вчера утро исчезнаа кај истиот остров, откако се преврте бродот со околу 65 имигранти.

Крајбрежната стража успеа да спаси 36 лица, а најмалку 22 имигранти ги загубија животите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.