Свет

Спасени 500 лица по пукањето на брана во Бразил

Спасени 500 лица по пукањето на брана во Бразил
Спасени 500 лица по пукањето на брана во Бразил

Пожарникарските екипи успешно спасија 500 преживеани луѓе по пукањето на брана во југоисточниот дел на Бразил, при што загинаа 17 лица.

Потрагата по преживеани во надојдената кал и земја траеше деноноќно.

Браната попушти во четвртокот, по што одрон земја се урна врз селото Бенто Родригез со околу 600 жители во регионот Минас Гераис.

Во несреќата животот го загубија најмалку 17 лица, колку што засега се официјално потврдени, а повредени се над 50, изјави шефот на локалната противпожарна служба. Тој предупреди дека уште 40 лица се водат за исчезнати.