Спасени повеќе од 300 мигранти кај Сицилија

Повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 14 деца и пет бремени жени, спасени се кај брегот на Сицијалија, јавија италијанските медиуми.

Екипажот на исланскиот брод на морнарицата, кој учествува во патролите на ЕУ на Медитеранот ги спаси 318. мигранти, кои биле од Судан, Гана, Мароко, Мали, Мавританија, Сенегал, Пакистан, Нигерија, Сирија, Палестинската управа, Еритреја, Индија и Тунис.

Италијанската полиција идентификувала осуммина осомничени криумчари, државјани на Тунис.