Спасени се патниците од рускиот брод заглавен на Антарктикот

По една недела заглавени на Антарктикот, конечно беа евакуирани 52-ца патници од рускиот истражувачки брод.

„Сите патници од рускиот брод се евакуирани“, соопшти шефот на експедицијата Крис Тјурнеј.

Австралиската служба за поморска безбедност потврди дека патниците биле пренесени на австралиски брод во групи од по 12 патници со хеликоптер. Рускиот брод Академик Шокалски бепе заглавен во дебел мраз од 24 декември.

На бродот имаше 73 лица, научници туристи и новинари. Тие сакаа да ја повторат историската експедиција на Антарктикот пред еден век, која ја водеше австралискиот научник сер Даглас Мосон. Неколку претходни обиди за нивно спасување не успеаја поради лошите временски услови.

Експедицијата започна пред околу три недели и требаше да се придружи на друг брод од Нов Зеланд на почетокот на месецов, но бродот наиде на големи слоеви мраз и се заглави.