Спасени сириски бегалци на Кипар сакаат да одат во Италија

Околу 350 лица, повеќето бегалци од Сирија, кои се спасени од несреќа на рибарски брод кој потонал на Кипар, не сакаат да бидат префрлени на јужното пристаниште во Лимасол.

Кикис Василиу, официјално лице од компанијата „Саламис круз лајнс“, чиј брод ги прифати бегалците, изјави дека вчеравечер бродот требал да исплови и да ги однесе бегалците во Лимасил, но дека тие сакаат да бидат пратени во Италија.

„Направивме се за да им ги спасиме животите, има даваме храна, им пруживме поддршка, но тие сега сакаат да ја уништат оваа компанија“м изјави Василиу, додавајќи дека се прифаќањето на бегалците компанијата изгубила неколку стотина илјади евра.

Тој вели и дека не постојат надлежни служби со кои тие би можеле да преговараат за да им се објасни ситуацијата.

Агенцијата АФП, претходно објави дека бегалците од Ламисол треба да бидат преместени во прифатен центар во близина на Никозија, каде ќе добијат сместување и медицинска помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.