Свет

Спасени тројца живи луѓе од урнатините во Непал

Спасени тројца живи луѓе од урнатините во Непал

Две жени и еден маж беа пронајдени живи под урнатините во Непал, осум дена по катастрофалниот земјотрес, соопшти полициски извор, пренесе ДПА.

Тројцата биле спасени од силите за безбедност денеска во село Керабари. Двајца од нив биле затрупани под изронета плитарна куќа, а еден бил изваден под свлечиште, кое било предизвикано од силниот земјотрес.

Вчера пак, властите на Непал соопштија дека ќе ја прекинат потрагата по преживеани во земјотресот чија јачина изнесуваше 7.8 степени по Рихтер.

Бројот на жртвите од земјотресот во Непал веќе надмина 7.000 лица. 82 странци се водат за исчезнати, а нивниот број најверојатно од ден на ден се зголемува.

Според досегашните информации, срушени се околу 160.000 домови, а над 140.000 се делумно оштетени. Илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата се сместени во привремени кампови.