Спасени туристите кои останаа заглавени во жичарницата над Мон Блан

Најмалку 33 туристи , се спасени и извлечени од неколку кабини на жичарницата над Мон Блан, во француските Алпи, откако мораа да ја минат ноќта на височина од 3800 метри, соопштија претпладнево француските власти.

Инцидентот се случил вчера , кога поради неочекуван дефект, жичарницата престанала да работи, а кабините останале да висат над амбисот.

Во тој момент во кабините имало околу 110 туристи, изложени на ветрот што постојано се засилувал.

Полицијата соопшти дека 48 туристи биле извлекувани и спасени со помош на хеликоптери, додека другите 30 кои биле во кабините што застанале поблиско до тлото, биле извлекувани со помош на специјализирани спасувачки екипи.

Кога настапила ноќта , целата операција морала да биде прекината и одложена за денеска, претпладне.

На заробените туристи, меѓу кои било и едно 10 годишно дете, им биле доставени ќебиња, храна, вода и светилки.

МИнистерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев изјави денеска дека спасувачите останале со лугето во кабините во текот на нокта.

Претставник на компанијата што управува со жичарницата изјавил дека се уште не е јасно како дошло до дефектот, но полицијата претходно има речено за француските медиуми дека причината за хаваријата бил силниот ветер, кој предизвикла сајлата по која се движат кабнните да се заплетка и да го блокира работењето.

Жичарницата се движи меѓу еден врв на француските и друг, на италијанските Алпи, на височина меѓу 3800 и 3400 метри, од каде се пружа глетка врз Мон Блан, највисокиот планински врв во Европа.

Во спасувачката операција, учествувале еккпи од Франција, Италија и Швајцарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.