петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Спасено бебе од урнатините во Тајван

Цели 30 часа по катастрофалниот земјотрес што го погоди Тајван шестмесечно бебе е извлечено од урнатините на станбена зграда, јавува Би Би Си.

tajvan-bebe

Поврзани вести

Цели 30 часа по катастрофалниот земјотрес што го погоди Тајван шестмесечно бебе е извлечено од урнатините на станбена зграда, јавува Би Би Си.

Претходно едно 20-годишно момче беше извлечено живо, но се помалку надеж има дека ќе се спасат сите 120 лица што се заробени во урнатините на зградата Веигуан Хинлонг. Во земјотресот во истата сграда починале околу 26 лица, а отпочната е и истрага за нејзината изградба.

Досега се спасени околу 170 лица, а околу 500 лица се повредени.

Во моментов стотици војници се вклучени во спасувачката акција. Тие со помош на современа опрема и кучиња се обидуваат да спасат колку е можно повеќе луѓе. Истовремено отворени се засолништа за лицата што ги загубија своите домови во земјотресот од 6, 4 степени што го погоди Тајван.

Најчитани вести