Спасески во посета на Летниот училиштен спортски камп во Охрид

Спасески во посета на Летниот училиштен спортски камп во Охрид
Спасески во посета на Летниот училиштен спортски камп во Охрид
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2015 “.
– Имавме прилика да се запознаеме со најдобрите ученици и да им посакаме успешна работа со стручните лица, тренери, кои практично се најпознати македонски спортски легенди, меѓу кои се Пепи Манасков,Марин Докузовски, Врбица Стефанов, Јошко Миленковски, Зоран Бошковски и многу други, рече Спасески.
Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија, според него,  во текот на изминатиот период инвестираше многу во развојот на училишниот спорт, но и во развојот на спортската инфраструктура. – Преку реализација на проектите за изградба на 50 помошни фудбалски игралишта, за изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта, 120 тениски терени и на 35 спортски сали, практично овозможивме максимални услови за да може нашата младина активно и рекреативно да се занимава со спорт, но подоцна и професионално. Со реализација на низа спортски активности и проекти, како што е Спортската академија, која се реализира трета година, овозможуваме и рана спортска специјализација на младите и талентирани спортисти, подвлече Спасески.

Токму во таа насока се движи и определбата на Агенцијата и Владата за зголемување на бројот на ученици кои активно се бават со спорт преку нивно активирање во училишните спортски клубови.
а младите спортисти треба да им се обезбеди квалитетно образование, паралелно со обезбедување на врвен тренажен процес. Затоа го поддржуваме концептот за двојната кариера на младите спортисти, која треба да им обезбеди да се подготват за нова- професионална кариера по завршување на спортската, заврши Спасески.
leten-kamp-3
Дел од овој камп е и поранешниот ракометар Пепи Манасков, според кого спортот е многу важен дел од секојдневното живеење, а летниот камп во Охрид ги обединува најголемите спортски надежи во државата.
– Ме радува што младите се повеќе и повеќе се посветуваат на спортот. Тоа е богатство на една држава. Свесни сме што значи спортот. Значи афирмација на самата држава, лична афирмација и голем предизвик за нацијата и верувам дека со вакви акции спортот ќе оди уште подалеку напред. Во моето време немаше вакви кампови, но имаше школски дружења и турнири, и овој камп ме потсети токму на деновите кога јас настапував за своето училиште, изјави Манасков.
На Летниот училиштен спортски камп учествуваат над 250 најталентирани ученици,  кои своето учество  го обезбедија со нивниот пласман меѓу најдобрите на спортските натпревари  во текот на изминатата учебна година.