Спасески на Меѓународен форум за младински политики

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески почнувајќи од денес (28.10.2014) е во работна посета на Азербејџан, каде во следните три дена ќе присуствува на Глобалниот форум за младински политики организиран од страна на Обединетите нации, УНДП, УНЕСКО, Советот на Европа и Министерството за млади и спорт на Република Азербејџан.

Станува збор за прв глобален форум од ваков вид, кој на едно место ќе собере повеќе од 700 политичари, претставници на младински и невладини организации, експерти, младински активисти, парламентарци и претставници на Агенциите при ОН.

На форумот ќе се дискутира за младинските политики, како и за одредбите кои произлегуваат од Светската Програма на Млади во Акција, а дискутантите ќе можат да споделат искуства во однос на мерките и активностите кои ги преземаат во своите држави по однос на ова прашање.

Спасески ќе оствари и билатерални средби со министри за млади и спорт од неколку држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.