понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 60

Спасески на увид во градбата на 4 тениски терени во Куманово

spaseski kumanovo 2

Последни вести

Реализацијата на проектот за изградба на 120 тениски терени низ целата држава се одвива со одлична динамика, изјави денес директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески кој беше во увид на градежните работи за изградба на 4 тениски терени во близина на градската спортска сала во Куманово.

Вложувањето во спортот, а особено во спортската инфраструктура е еден од врвните приоритети на оваа Влада. Агенцијата за млади и спорт во континуитет релизира проекти за подобрување на постоечката и изградба на нова спортска инфраструктура, во насока на обезбедување на оптимални услови за тренинг на професионалните спортисти, но и одлични услови за спорт и рекреација на сите граѓани. Одлична динамика имаме на проектот за изградба на 120 тениски терени, од кои досега изградени и ставени во функција се 74, а нови 15 се во фаза на градба. Изградивме и 34 спортски сали, 56 повеќенаменски игралишта, а годинава продолжуваме со градба на 22 нови. Сето тоа говори за посветеноста и ентизијазмот да се подобри општата слика за македонскиот спорт, но и да се стимулираат младите повеќе да спортуваат и да се оттргнат од сите пороци на модерното живеење, изјави Спасески.

spaseski kumanovo 5

Тој потенцираше дека досега Агенцијата за млади и спорт во Куманово инвестирала преку 32 милиони денари, за изградба на спортска сала и едно повеќенаменско игралиште и дека веќе е избран изведувач за изградба на повеќенаменско игралиште во с. Пчиња, кое се очекува да стартува по добивање на соодветно одобрение за градење од страна на Министерството за транспорт и врски.

Покрај овие проекти, општината Куманово е влезена и во новите проекти, кои АМС планира да ги реализира од следната година. Имено, по добивање на соодветните локации и градежно-техничката документација, АМС ќе започне со градба на фитнес-зона, скејт парк и неколку игралишта за “street basket”, а планираме изградба и на 2 нови повеќенаменски игралишта, изјави Спасески.

spaseski kumanovo 4

Тениските терени се простираат на површина од околу 3.300 квадратни метри, а ќе бидат изградени по најсовремени стандарди за одигрување и на меѓународни тениски натпревари. На терените ќе биде поставена најсовремена акрилна подлога, а ќе се постават и рефлектори за користење на терените и во вечерните часови. Вкупната инвесриција во висина од околу 19 милиони денари е обезбедена од буџетот на АМС.

Најчитани вести