недела, 11 декември 2016  |  Вести денес: 28

Спасески: Секоја година доделуваме по 500 стипендии на млади талентирани спортист (ВИДЕО)

Во изминатите 10 години се доделени околу 3804 млади,талентирани врвни спортисти биле стипендирани од АМС, за што се издвоени преку 2,5 милиони евра, рече Спасески.

marjan-spaseski-ams-640x360

Последни вести

Во 2006 кога ВМРО-ДПМНЕ  ја доби власта имавме голема стагнација на македонскиот спорт и спортската инфраструктура, младите беа демотивирани. Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ беше да се превземат мерки во сите сфери и таа состојба да се измени, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој беше дел од панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден од првите проекти кои се воведоа преку АМС беше воведувањето на стипендиите за млади спортисти до 20 години. Вкупно секоја година доделуваме по 500 стипендии,кои за 10 месеци добиваат 20% од пресечна плата. Во изминатите 10 години се доделени околу 3804 млади,талентирани врвни спортисти биле стипендирани од АМС, за што се издвоени преку 2,5 милиони евра, рече Спасески.

За докажаните спортисти кои во минато не добивале спортска грижа состојбата е подобрена со воведување стипендија  од меѓународни и светски категории што претставува вистинска стимулација за спортистите.

Спасески посочи дека 37 спортски великани од Македонија се носители на спортски пензии.

Најчитани вести