Спасески: Владата изгради повеќе од 300 спортски објекти во последниве 10 години

За да се има успех во спортот, неопходно е да се поклопат коцките и да се реализираат активности во трите главни столба за развојот на спортот, истакна Маријан Спасевски од Агенцијата за млади и спорт во Отвореното студио на ТВ Нова на тема новите мерки на Владата што се однесуваат на спортот.

-Првиот столб е подобрување на спортската инфраструктура, на која што Владата работи во континуитет изминативе години, со изградба на повеќе од 300 спортски објекти во последниве 10 години, за што се вложени повеќе од 100 милиони евра. Втората мерка е стручна едукација на тренерите што работат во спортскиот систем, и третата е масовноста односно квантитетот на спортисти со кои располагаат спортските федерации, појасни Спасевски.

Тој додаде за остварување на овие цели неопхоно директно финанисиско финансирање, не само од државата, туку и од бизнис секторот.

-За жал во Македонија трендот со бизнис секторот не се следеше и размислувавме низ низа на стратешки решенија и мерки да придонесеме за развој на македонскиот спорт. Кога веќе имаме солидна инфраструктурна база, работиме на стимулирање на спортистите преку проекти за нивна категоризација, преку стипендии, преку носење спортска пензија, време беше директно во спортските федерации да инвестира и приватниот сектор. Буџетските средства се движеа неладе до милион евра годишно и сметавме дека не се доволни, па затоа ја предложивме првата мерка што подразбира практично одредено одданочување на приредувачите на игри на среќа во обложувалниците и автомат клубовите, односно 3 посто меѓу разликата од уплатата и исплатата да одат на сметка на агенцијата за млади и спорт, со тоа што овие сретства директно ќе се трансферираат до националните спортски федерации. Втората мерка што ќе биде директна финансиска стимулација се соодветните даночни олеснувања за сите трговски друштва што ќе сакаат директно да вложат во македонскиот спорт преку соодветни даночни ослободувања, додаде Спасевски.