петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 38

Спасески во посета на Летниот училишен спортски камп во Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп - Охрид 2016 “.

ams kamp

Поврзани вести

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016 “.

Имавме прилика да се запознаеме со најдобрите ученици и да им посакаме успешна работа. Заедно со нас се спортистите каратистот Мартин Несторовски и кошаркарот Огнен Стојановски, кои имаа можност да поразговараат и да ги пренесат своите искуства на учесниците на спортскиот камп. Воедно во текот на училишниот спортски камп учество ќе земат и други врвни спортски имиња кои се дел од македонските спортски легенди, меѓу кои Пепи Манасков, Јошко Миленковски, Марин Докузовски, Зоран Бошковски и многу други, рече Спасески.

Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија, според него, во текот на изминатиот период инвестираше многу во развојот на училишниот спорт, но и во развојот на спортската инфраструктура.

ams kamp 1

Преку реализација на проектите за изградба на 50 помошни фудбалски игралишта, за изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта, 120 тениски терени и на 35 спортски сали, практично овозможивме максимални услови за да може нашата младина активно и рекреативно да се занимава со спорт, но подоцна и професионално. Токму во таа насока се движи и определбата на Агенцијата и Владата за зголемување на бројот на ученици кои активно се бават со спорт преку нивно активирање во училишните спортски клубови, додаде Спасески.

Летниот камп во Охрид ги обединува најголемите спортски надежи во државата со бројка од 300 најталентирани ученици, кои своето учество го обезбедија со нивниот пласман меѓу најдобрите на спортските натпревари во текот на изминатата учебна година.

Најчитани вести