сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Спасески: Во спортски објекти инвестирани 40 милиони евра за 10 години

teniski-tereni-delcevo

Последни вести

Со првиот турнир во тенис на средношколци и основци во Делчево и официјално започна сезоната на спортување на новиот двоен  тениски терен „Тодор Александров“, изграден со средства од Агенцијата за млади и спорт, пренесува МИА.

На турнирот присуствуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој  истакна дека вкупната инвестиција на двојниот тениски терен во Делчево е 12 милиони денари и е во рамки на проектот за изградба на 120 тенскси игралишта.

– Ме радува фактот што спортските објекти кои ги гради Владата, преку АМС и другите ресорни институции ја докажуваат својата оправданост и се максимално искористени од сите граѓани, особено од младите луѓе. Доказ за тоа е општината Делчево и овие тениски терени. Покрај изградбата на овој двоен тениски терен, планираме во Делчево и изградба на повеќенаменско спортско игралиште, како дел од проектот за изградба на 100 повеќенаменски маалски игралишта, а општината ќе биде опфатена и со новиот проект на АМС за изградба на 150 игралишта за „street basket“. Делчево ќе добие две игралишта за street basket  од кои едното ќе биде лоцирано во делчевското село Вирче, а другото на локација во градот, изјави Спасески.

Тој потенцираше дека инвестициите во подобрување на спортската инфраструктура продолжуваат со несмалена динамика.

– Во моментов интензивно работиме на изградба на големиот затворен пливачки базен во Охрид, се градат 15 нови тениски игралишта, 22 нови повеќенаменски игралишта и 3 спортски сали. Во завршна фаза сме за избор на изведувач за проектот за изградба на 20 фитнес зони и по комплетирање на градежно-техничката документација од страна на општините, очекувам во текот на летото да стартуваме со работа, изјави Спасески.

Инаку, во изминативе 10 години Агенцијата за млади и спорт во спортски објекти инвестирала 40 милиони евра. За подобрување на спортската инфрастуктура  се изградени вкупно 222 спортски објекти во државава.

Градоначалникот Дарко Шехтански изрази задоволство што во Делчево со овие тениски терени се вовдеува нов квалитет во спортот.

– На наше огромо задоволство се гледа дека оваа инвестиција го заживува тенисот како спорт. Тенисот не беше застапен во Делчево,  бидејќи немавме вакво игралиште, но  очекуваме успешни спортисти и од нашиот град, посебно и со реализацијата на новите проекти за изградба на нови спортски објекти  во Делчево, рече Шехтански.

Најчитани вести