Спасиќ: Бомбата на Заев не е ништо друго, само тивок државен удар

Таканаречената бомба на Зоран Заев, не е ништо друго освен обид за државен удар и тоа таканаречен „тивок државен удар” во кој нема тенкови и убиства на улиците, туку се реализира на „тивок” начин со подметнување на документи и други активности кои потполно го загрозуваат уставниот поредок на Република Македонија, вели во интервју на sterna.org.mk, легенда на балканската разузнавачка заедница и човекот кој во својот работен век директно учествувал во неколку спектакуларни акции во поранешна Југославија и земјите во Европа, Божидар Спасиќ.

– Дотолку повеќе- вели Спасиќ, што документите кои наводно ги поседува Заев, на јавноста и се сервираат на „лажичка” со што, инструкторите на Заев, идејните творци на овој проект, испитуваат на кој начин ќе реагираат Владата и премиерот и кои мерки треба да ги превземат за да знаат дали треба да ја засилуваат аферата или да бегаат колку што ги држат нозете…

Поранешниот шеф на југословенското разузнавање не ја исклучува можноста дека во прибирањето на материјалите, учествувал и голем разузнавачки систем, со цел да ги застраши властите во Македонија и да покаже дека со опозицијата може да прави што сака и како сака, па дури и да и помогне во прибирање на компромитирачки материјали.

Со оглед на тоа што, ова не е прва афера од одовој вид во Македонија, убеден сум дека и оваа ќе заврши слично како и минатите „многу врева околу ништо” – вели Спасиќ.