понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 1

Спасот за Македонија – деамериканизација и деалбанизација

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов - Мицов

Историјата се повторува и судбината постојано дава знаци за тоа, кои само слепците не ги гледат. Еден од тие знаци е и времето – од зимата во 1941 година до денес немало ваков студ во Европа. И кај нас во Македонија овој студ е колку реален, толку и симболичен. Прашањето е: ДА БИДЕМЕ ИЛИ ДА НЕ БИДЕМЕ КАКО МАКЕДОНСКА ДРЖАВА И МАКЕДОНСКИ НАРОД, СО АФТЕНТИЧНО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ.

Истото прашање како во 1941 година, а пред тоа – по Балканските и Првата светска војна. Кога едно исто прашање се поставува повеќе пати, тоа значи: прво, дека не е расчистено со него еднаш засекогаш и второ, дека Господ е истовремено суров и милостив кон Македонците. Им дава повеќе пати шанси, а кога ќе ги прокоцкаат ги казнува но, не ги брише од лицето на Земјата. Проблемот е до кога ќе си поигруваме со судбината, со нашата светска мисија и со трпеливоста на Господ?

На Божик му пратив честитка на г. Никола Груевски со желба за успешен и целосен мандат. Тоа налик изгледа фантазија во контекст на објавената заедничка платформа истиот ден од ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците. Како основа за формирање на Влада. ТИЕ ИЗЛЕГУВААТ СО БАРАЊА ЗА ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТРЕТА АЛБАНСКА ДРЖАВА НА БАЛКАНОТ. Со двојазичност, кантонизација, одвоени етнички буџети, ново знаме, химна итн. АЛБАНСКА ДРЖАВА, ВО КОЈА САМО 16 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО СЕ АЛБАНЦИ! Како капак на сето тоа, бараат влегување во НАТО како воен гарант за одржување на таа трета албанска држава. Цинизмот на овие барања е уште поголем, затоа што беа направени токму на најголемиот христијанскиот и македонски празник Божик.

Со два збора, картите се ставени на маса. Тестирањето почнува – и за македонските политичари, и за македонските партии, и за македонскиот народ. Во тој контекст, мојата честитка до г. Груевски не е фантазија туку како последно потсетување дека за македонска Македонија како и за самиот него како политички лидер сè уште има шанси. ТИЕ ШАНСИ МИНУВАAТ ПРЕКУ ДЕАМЕРИКАНИЗАЦИЈА И ДЕАЛБАНИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА. Добро знам дека за многу луѓе деамериканизацијата е фантазија бидејќи САД управува со цела Европа, а нивните тенкови и ракети ја опкружуваат Македонија. Само што добро знам, дека истата состојбата била и со Европа и тоа во почетокот на Втората светска војна кога да се зборува за дегерманизација (денацификација) било лудост. Сите европски, вклучително и балкански политички елити капитулирале пред Германија, како сега пред САД. Со тоа сите тие елити и партии станале непотребни и ги снемало по крајот на Втората светска војна. ТОЈ ФАКТ Е ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И ЗА ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ И ПАРТИИ. ПРОАМЕРИКАНСКИТЕ ‘ВРЕДНОСТИ’  И ЕВРОАТЛАНТСКИ ГЛУПОСТИ ЌЕ БИДАТ ФРЛЕНИ ЗАЕДНО СО НИВ ВО ЃУБРЕТО НА ИСТОРИЈАТА.

АКО СВЕТОТ НЕ БИДЕ УНИШТЕН ПРЕКУ СВЕТСКА ВОЈНА, НА БАЛКАНОТ КАКО И ВО ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ЕВРОПА ЌЕ СЕ ВРАТИ РУСИЈА. НЕМА ЗОШТО ДА ЈА КОМЕНТИРАМЕ ПРВАТА ВАРИЈАНТА – КРАЈОТ ЌЕ БИДЕ КРАЈ ЗА СИТЕ. ВО ВТОРИОТ СЛУЧАЈ ЌЕ СЕ ПОВТОРИ СИТУАЦИЈАТА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА. ЌЕ ЗАМИНАТ ПРОАМЕРИКАНСКИТЕ МАРИОНЕТНИ РЕЖИМИ ВО СЛОВЕНИЈА, ХРВАТСКА, АЛБАНИЈА, БУГАРИЈА, РОМАНИЈА И ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ ПРОРУСКИ ЛИДЕРИ. НЕМА ДА ОСТАНАТ НИ ПОЛИТИЧАРИТЕ ШТО СЕДАТ НА ДВЕ СТОЛИЦИ КАКО ВО ГРЦИЈА И СРБИЈА.

Зошто во цела Источна Европа Сталин намести свои марионети, а во Југославија не успеа? Затоа што, со исклучок на Југославија антифашистите во другите земји ја чекаа како глувци руската победа и немаше афтентична борба против нацистичка Германија. Наспроти тоа во Југославија Тито прогласи востание уште кога Германија и Советскиот сојуз беа сојузници. Затоа што беше афтентичен лидер успеа да создаде федеративна држава која опстои 45 години. За жал, Македонија во периодот од 1941–1944 година немаше афтентичен лидер со исклучок на Кузман Јосифовски – Питу, кој беше убиен. Затоа и по војната немаше фигура која би му парирала на Тито, како што самиот Тито му парираше на Сталин.

Денес состојбата е иста. Некои македонски политичари тајно стискат палци за Русија, иако официјално навиваат за САД. Само што тоа нема да им помогне ниту ним ниту на Македонскиот народ и држава. Тие иако го негираат и плукаат по Тито, ја користат неговата тактика по војната. Само што, за да може да се користи комотно таквата тактика, трба да се каже дека Тито во времето на војната се борел на живот и смрт и со тоа си обезбедил широк периметар за дејствие во иднина. Нашите итроманци сакаат да го користат само лесниот, слаткиот дел од титовата тактика и да управуваат без жртви. Тоа е невозможна мисија.

ИЗЛЕЗОТ ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА Е НА НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ – НАПРОЛЕТ. ПАРАЛЕЛНО СО ТОА Е СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ ЗА БОРБА. СЕГА ЌЕ СЕ ВИДИ ДАЛИ ВМРО–ДПМНЕ ИМА СПРЕМНОСТ ДА СТАНЕ ОСНОВА НА ТАКОВ ФРОНТ И ДЕФИНИТИВНO ИДНИНАТА НА САМИОТ ГРУЕВСКИ. ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАВИСИ ВО ИДНИОТ СВЕТ ДА НЕМА СТРАНСКИ МАРИОНЕТИ КОИ ЈА КРОЈАТ МАКЕДОНСКАТА СУДБИНА. ПОТРЕБНИ НИ СЕ ЛИДЕРИ КОИ НЕ СЕ СРАМАТ ДА БИДАТ ‘НАЦИОНАЛИСТИ’ И ‘ШОВИНИСТИ’ КОГА ЦЕНАТА Е НАРОДОТ И ДРЖАВАТА И ЗА КОИ НА ПРВО МЕСТО МАКЕДОНСКИТЕ, А НЕ КОИ И ДА БИЛО СТРАНСКИ ВРЕДНОСТИ.

Најчитани вести