Спасов ги посети семејствата чии куќи изгореа во пожар во Велес

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов со градоначалникот на општина Велес денеска ги посети семејствата чии куќи изгореа во пожар што изби ноќеска околу полноќ во населбата Дворови во центарот на градот.
– Овие луѓе изгубија се што печалеле во животот. Погодени се три куќи, а две семејства целосно ги изгубија домовите. Ние во соработка со Црвениот крст на настраданите ќе им доделиме првична помош во кебиња, постелнина, храна и хигиенски средства и се што им е потребно, потенцира Спасов, додавајќи дека на настраданите преку Министерстсвото и Центарот за социјална помош ќе им биде доделена и еднократна парична помош.
Потенцира дека сите надлежни ќе ја следат состојбата и ќе им помогнат на настраданите да излезат од социјалниот момент во кои се нашле и оти со бизнис секторот и граѓаните ќе им помогнат за повторно ги изградат своите домови.
Градоначалникот Чадиев кој цела вечер бил на местото на настанот и ги координирал активностите за спасување на опожарените најави дека покрај еднократната помош на семејствата од МТСП ќе им биде доделена и помош од општината Велес.
mmmm
– По увидот од полиција ќе работиме и на расчистување на двете опожарени куќи ,бидејќи веќе има завршена тендерска постапка за ружење на објекти склони кон рушење, вети Чадиев, а најави и дека првично ќе биде обезбедена кирија за семејствата кои нема каде да живеат.
Силвана Мишкова, портпарол на велешката болница, информира дека синоќа во болницата биле донесени шест лица.
– По укажаната помош четворица од нив веднаш биле пуштени на домашно лекување поради лесни телесни повреди, а двајца пациенти на 49 и 51 година биле краткотрајно задржани на лекување. По проверката од лекарски тим дека немаат тешки телесни повреди и изгореници и тие се пратени на домашно лекување, потенцира Мишкова.
Пожарот избил синоќа околу полноќ настанат во куќа лоцирана на улица „Ѓоре Органџиев„ бр. 29 во Велес, при што пожарот го зафатил долниот и горниот кат од куќата на семејството Бошкови.
– Од страна на полициски службеници веднаш е пружена помош за извлекување на лицата затекнати во куќата, односно, од прозорец било извлечено 16-годишно дете кое имало знаци на труење од чад и нему му е укажана помош од страна на екипа на Итната медицинска помош. Направени се обиди да се извлече и 74-годишната Јелица Б. која се наоѓала на горниот кат од куќата. Но за жал, поради рушење на скалите, тоа било оневозможено и таа починала, потенцира портпаролот на велешката полиција Анита Стојковска.
Од пожарот била зафатена ии соседната куќа на семејството Јанушеви  која е лепенка со првоопожарената, при што  и двете куќи се целосно изгорени. Пожарот се проширил и на соседната куќа на конфекцијата на Рашето при што целосно е изгорена внатрешноста на погоните за текстил.
– Инаку во пожарот, од експлозија на боца со CO2 од куќата на семејството Бошкови каде првично настанал пожарот, со телесни повреди се здобиле командирот на ТППЕ и двајца граѓани – соседи кои учествувале во гаснење на пожарот, информира таа и додава дека се уште се утврдуваат причините за големиот пожар.
Во интервенцијата на гаснење на пожарот на Противпожарната единица од Велес и притекле не помош противпожарни екипи од Скопје,Кавадарци, Свети Николе и Штип кои цела вечер се бореле со огнената стихија, со што била избегната поголема трагедија со пожарот да бидат зафатени и околните куќи, кои се блиску и залапени една до друга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.