Спасов: Гласот против СДСМ е глас против редефинирање на државата

Како резултат на политиките кои ги води ВМРО-ДПМНЕ, невработеноста во Република Македонија изминатите 10 години е значително намалена. Ако во 2006-та истата изнесуваше околу 38 проценти, денес е на историски најниско ниво на 24 проценти.

Ова во денешната средба со жителите од скопско Сопиште го истакна Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако во 2006 година имаше околу 560.000 вработени лица, денес има 720.000 вработени во Република Македонија или пак новоотворени над 160.000 работни места. И тука во Сопиште не е поразлична ситуацијата. Во Сопиште во 2006 имаше околу 720 невработени, денес има околу 430 лица, што е намалување на невработеноста за околу 39 проценти само во оваа општина, истакна Спасов.

spasov-sopiste1

Намалувањето на невработеноста, додаде тој, се должи пред се на мерките и политиките кои ги спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните веруваат во економската програма на ВМРО-ДПМНЕ, веруваат дека водиме многу подобра грижа за Р.Македонија, за македонската економија и поради тоа на 11 декември ќе го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ. Гласот против СДСМ е глас против редефинирање на државата воведување на албанскиот јазик на целата територија на државата, потенцираше Спасов.

spasov-sopiste2