Спасов го посети Меѓународниот центар за обука на МОТ во Торино

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес е во посета на Меѓународниот центар за обука на Меѓународната организација на трудот во Торино (MOT), Италија при што оствари средба со директорот на Центарот, Јангју Лиу и директорот на МОТ за Централна и Источна Европа Антонио Грациози.

Овој Центар претставува глобален провајдер кој спроведува обуки и програми за влади, организации на работници и работодавачи во делот на социјалниот дијалог, трудова администрација, вработување и развој на вештини и други области.

Спасов го посети Меѓународниот центар за обука на МОТ во Торино
Спасов го посети Меѓународниот центар за обука на МОТ во Торино

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Спасов го информираше домаќинот дека  во Република Македонија континуирано се работи на социјален дијалог и се спроведуваат бројни мерки за вработување и услуги наменети за поттик  вештините на невработените лица. Како што истакна министерот, за таа цел потребно постојано усовршување на вработените во министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување а токму Центарот нуди обука и други сродни услуги со коишто се развиваат човечките ресурси и институционалните капацитети.

Спасов го посети Меѓународниот центар за обука на МОТ во Торино
Спасов го посети Меѓународниот центар за обука на МОТ во Торино

На средбата беше договорена интензивна соработка во наредниот период што се подразбира организирање на наменски обуки од областа на пазарот на трудот, безбедност и здравје при работа, социјален дијалог за вработени во Министерството за труд и социјална политика, Државниот трудов инспекторат и Агенција за вработување. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се заблагодари на потготвеноста за соработка која е од исклучителна важност за јакнење на капацитетите на овие институции.

Инаку Меѓународната организација на трудот и италијанската влада го основаа Меѓународниот центар за обука во 1964 година во Торино, Италија, како институт за напредна стручна обука.Оттогаш тој прераснал во престижен центар за обука на работното место на високо ниво.  Обуките се одвиваат во Торино, во матичните земји на слушателите на курсевите или преку интернет.