Спасов го замолкна СДСМ: Срамно е и жално вие да наметнувате тези за транзицијата

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов со аргументи, прецизни податоци и искреност, го замолкна пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Откако генералниот секретар на СДСМ, во дебата во Собрание говореше за таткото на министерот, поврзувајќи го со стечајот во „Треска“, Спасов детално ја истакна кариерата на својот родител.

„Здравко Спасов е вработен во интерна банка на „Треска“ во 1979-та година како референт за застапување. 1984-та станува раководител на интерна заедница, 1988-ма година е претседател на внатрешна арбитража, за во 1991-ва да отиде под стечај од „Треска ДОО“, заедно со уште 650 вработени во 1993-та. Со тоа како резултат на искуството во правната работа, доделено му е да биде директор на сектор, односно раководител на сектор за општи и правни работи се до 1995-та година. Кога владата предводена од СДСМ именува владин повереник да управува со капиталот во фабрика „Треска“ и на мојот родител Здравко Спасов, во тој момент му е понудено да биде генерален директор на фабриката. Истото го одбива, несакајќи да учествува во приватизацијата која е спроведувана 1995-1996-та година. Како награда за тоа, добива работна позиција на едно пониско ниво, односно раководител на одделение, односно раководител на правна служба. Во 2003-та година е ставен за одговорен на подружницата во Белград само два месеци. Потоа оди на операција, го губи видот и повеќе не работи“, рече министерот.

Тој потсети дека во „Треска“ во 2005-та година, 850 вработени остануваат без работа, а во 2004-та од 500 до 600 лица стануваат невработени.

„Навистина е жално и срамно генералниот секретар на најголемата опозициска партија во Македонија да се обиде да наметне теза дека СДСМ не се криви за транзицијата и за приватизацијата, за затворањето и опустошувањето на 670 фабрики, оставањето на питачки стап на над 200.000 семејства во Македонија. Каде е вината? Сензација откривте. Раководител на сектор. Не е во ред, почитуван пратеник. Не е човечки и не е хумано. Несакајќи да зборувам за мојата семејна историја, сам ја наметнавте таа теза, еве ви одговор. Срамота е и жално. Немајќи аргументи да дадете поддршка за едно позитивно законско решение со кое ќе се решат 3000 стечајци во Република Македонија“, заклучи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.