Спасов: Грижата за пензионерите продолжува, годинава ново зголемување на пензиите

Волково доби пензионерски клуб

Грижата за пензионерите ќе продолжи и во 2016 година истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој присуствуваше на отворањето на пензионерски клуб во населбата Волково во општина Ѓорче Петров.

Ќе продолжат владините проектите кои им го подобруваа животот на пензионерите во Македонија. Пензионерите ќе продолжат да одат бесплатно на бања и на туристички викенди, а континуирано ќе продолжи и зголемувањето на пензиите. Во октомври 2016 година пензионерите ќе добијат зголемување на пензијата од 5%, рече тој.

Спасов посочи дека грижата за пензионерите ќе продолжи и во 2016 година е предвидено да се отворат 4 нови дневни центри на територијата на Р. Македонија.

Изминатите години отворивме вкупно 10 центри за стари лица и со овој проект планираме да продолжиме и понатаму. Само минатата година се отворија два дневни центри. Нашата цел е секое населено место и секоја општина да има соодветни услови каде што и Здруженијата на пензионерите и пензионерите ќе можат да го поминуваат своето слободно време да се дружат и да се социјализираат, истакна Спасов.

Спасов посочи дека Владата ќе продолжи со реализацијата на проектите кои што со години наназад изминатите 6,7 години се реализираат.

Во март ќе продолжи проектот за бесплатна бањско – климатска рекреација. Овој проект наиде на голема интерес кај корисниците на пензија. Околу 32.600 пензионери ја искористија можноста за бесплатна бања во период од 6 дена, односно 6 полни пансиони. За оваа година 2016 планираме да опфатиме околу 5.500 корисници на пензија и имаме обезбедено буџет во износ од 38 милиони денари за реализација на овој проект, рече заменик министерот.

Во 2016 година ќе продолжи и проектот бесплатен туристички викенд, новиот проект кој започна во 2015 година, каде што ќе бидат опфатени околу 3000 пензионери.

Една од поважните работи за пензионерите, според Спасов е тоа што продолжува континуирано зголемување на пензиите.

Изминатите години направивме многу за стабилна редовна исплата, првата недела од месецот да има редовна исплата. Меѓутоа исто така и континуирано изминативе години пензијата се зголемуваше. Просечната пензија во Р. Македонија од 2007 година заклучно со 2015 се зголеми за 70 проценти. И веќе во октомври оваа година планираме уште едно зголемување на пензиите за 5 %. Тука нема промени, веќе се направени соодветните законски измени, степени се во сила, објавени се во Службен весник и зголемување на пензијата за 5 % во октомври во 2016 година ќе има за сите корисници на пензија во Р. Македонија, истакна Спасов.

Денеска беше отворен и клуб на пензионери во населбата Волково во општина Ѓорче Петрово кој пензионерите ќе го поминуваат своето слободно време и ќе можат да се дружат меѓусебно.

Овој клуб за пензионери ќе помогне во организирање на самиот Сојуз на пензионери, во дружење на пензионерите, во квалитетно поминување на нивното слободно време, рече Спасов.