Спасов и синдикалците ќе информираат за зголемување на минималната плата во земјава

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски и в.д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Виолетка Спасевска, ќе одржат прес конференција на која што ќе информираат за зголемување на минималната плата.

Владата, како што најави вчера премиерот Никола Груевски, во следните 10 дена ќе понуди законско решение со кое што ќе се зголеми минималната плата во стопанството од актуелните 8.050 на 10.080 денари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.