Спасов: Исчистени се 50 отсто од поплавените домови

Над 3.000 луѓе се на терен и преземаат мерки за надминување на последиците од елементарната непогода која го зафати скопскиот регион. Со над 300 видови различна механизација главните сообраќајници се расчистени.
Во поплавените подрачја на санирање на штетите ќе се работи подолг период. Педесет проценти од домовите се исчистени.
Процесот на санирање на штетите и вадење на водата од куќите е речиси надминат, а останати се уште неколку улици на кои  армијата заедно со работниците од сите инситуции работат на повлекување на водата со пумпи, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во интервју за ТВ Нова.mehanizacija-teren

Во Стајковци со оглед на фактот дека беше најнаселеното населено место од поплавите, од ден на ден ситуацијата значително се подобрува. Над 80 проценти од куќите беа зафатени од полавите“, вели министерот.mehanizacija-teren2

Тој додава дека сите мораат да го разберат обемот на катастрофата што се случи во скопско, а за која што метеролозите велат дека е феномен што се се случува еднаш во 1.000 години.