Спасов: Ќе се рефундираат средства за набавка на возило за лице со инвалидност

Се реализира уште едно ветување за лицата со инвалидност и уште едно барање на националните сојузи на лицата со инвалидност. Вкупно 50 лица со инвалидност што во изминатите 12 месеци набавиле патничко возило ќе добијат рефундирање на средствата платени како царински давачки, ДДВ и акцизи.

За ова денес на прес конференција информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Поаѓајќи од заложбата дека грижата за лицата со инвалидност од страна на државата треба да биде сеопфатна и континуирана, односно да го допира секој сегмент од нивното живеење Министерството за труд и социјална политика ги апсолвира нивните барања и иницира нови проекти. Таквата поддршка која е наменета пред се за лицата со инвалидност треба да се однесува и на нивните семејства кои најдиректно допринесуваат за задоволување на нивните живортни и социјални потреби. Таквиот проект има за цел да овозможи полесен пристап до автомобил на лицата со инвалидност за нивна полесна мобилност и вклученост во заедницата е програмата за рефундирање за сретства платени како царински давачки, ДДВ и акциза за набавка на патнички автомобил за лицата со најмалку 80 проценти инвалидност на долните екстремитети, лицата со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепите лица со придружник и за потполно глувите лица со придружник за 2016-тата година, за која што денес објавауваме јавен повик кој што ќе трае до 30-ти септември, рече Спасов.

Тој напомена дека овој проект е дел од програмата на Владата на Република Македонија и предвидува можност за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок и акциза за набавка на патнички автомобил за споменатите категории на граѓани.

dime-spasov-pres-2

Почнувајќи од денес, секое лице кое што припаѓа на некоја од наведените категории, или пак негов родител или старател може да поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, кое што ќе биде разгледано од Комисијата за рефундирање на средствата за набавка на патнички автомобил по завршувањето на огласот. Во прилог на барање и задолжително треба да се поднесе и наод за оцена и мислење од надлежна комисија за утврдено телесно оштетување најмалку 80 проценти на долните екстремитети, за утврдена умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепило и за потполна глувост, како и примерок и заверена копија од царинска декларација но не постари од 12 месеци возило од денот на подмирување на царинските давачки и акцизи при увоз на патнички автомобил издаден од царински орган како и доказ за платен ДДВ при набавка на патнички автомобил или пак друга пропратна документација, рече тој.

Тој информира дека по завршувањето на огласот посебна комисија ќе изврши увид во домовите на барателите, а откако ќе заврши рокот за доставување на барањата, комисијата за рефундирање на средствата ќе одлучи по однос на поднесените барања и извршениот увид во домот на семејството.

Доколку семејството на лицето со инвалидност или пак друг член или членови, повеќе членови имаат инвалидност постои поголема можниост за  рефундирање на средствата. Најголем износ кој што може да биде рефундиран е износ од 180.000 денари, а за реализацијата на оваа програма определени се средства во износ од 9 милиони денари од буџетот на Министерството за труд и социјална политика за оваа година, информира Спасов.

Тој рече дека со овој проект ќе бидат рефундирани средства за 50 патнички автомобили, а предност ќе имаат оние граѓани со пониски примања, оние што се на листата на активни баратели на работа и во зависност на тоа колку членови во семејството се со инвалидност.