Спасов: Компаниите да аплицираат за отпис на камати

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов истакна дека Владата на Република Македонија со цел да им помогне на компаниите кои што имаат неплатени социјални придонеси, на почетокот на оваа година донесе мерка со која што се овозможува плаќање на главниот долг на најмногу 36 рати или пак 3 години и  ослободување од каматата која што ја должат.

-Досега имаат аплицирано околу 150 субјекти за вкупен долг од околу 150 милиони денари. Сите заинтересирани компании, сите заинтересирани субјекти кои што имаат неплатени социјални придонеси и долг по овој основ во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во  Фондот за здравствено осигурување или пак во Управата за јавни приходи за придонесите после 2008 година може да аплицираат до крајот на годината, да склучат спогодба со овие институции и да го платат само главиот долг на рати и да бидат ослободени од каматата, рече Спасов.

Со оваа мерка како што образложи, како што истакна Спасов значително да се олеснува работењето на компааните  со оглед на значајниот процент кој им се отпишува по основ на неплатен долг односно отпис на каматата.