Спасов: „Македонија вработува“ ги дава очекуваните позитивни резултати

Проектот „Македонија вработува“ ги дава очекуваните позитивни резултати, според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој денеска беше во посета на Гостивар.

Тој информира дека од почетокот на спроведувањето на проектот за пет месеци биле вработени вкупно 6.670 лица во Република Македонијa.

Спасов: „Македонија вработува“ ги дава очекуваните позитивни резултати
Спасов: „Македонија вработува“ ги дава очекуваните позитивни резултати

Преку овој проект, конкретно во општините Гостивар и Тетово остварени се над 1.000 вработувања. Самата бројка е показател дека станува збор за сериозен проект. Ако споредиме тоа е бројка на луѓе колку што би се вработиле во една или две поголеми фабрики, рече Спасов.

Проектот, појасни тој, им помага и на македонските компании, приватниот сектор, но пред се им помага на македонските граѓани со цел побрзо и полесно да стигнат до своето работно место.

„Македонија вработува“ опфаќа повеќе категории на граѓани. Со проектот се опфатени невработените лица до 35 години, лицата од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, како и лицата од ранливите категории: социјалци, самохрани родители, родители на 3 или повеќе деца, деца без родители и родители на деца со пречки во развојот.