Македонија

Спасов на министерска конференција за образование и предучилишно образование во Истанбул

Спасов на министерска конференција за образование и предучилишно образование во Истанбул

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов присуствува на Регионалната министерска конференција за образование и предучилишно образование што се одржува во Истанбул на тема: „Вклучување на сите деца во квалитетно учење – затворање на јазовите во поглед на правичноста во образованието”.

Имено, со оглед на потребата од политички заложби за правичност во образованието Регионалната министерска конференција за образование ќе помогне во утврдувањето на агендата за квалитетни основи на образование во регионот преку Договор на делегациите на земјите за сорaботка, како и преку повикот за преземање на активности со цел вклучување на сите деца во квалитетно учење.  Конференцијата ќе се фокусира на зајакување на политичките заложби за ефективни реформи за подобрување на правичноста во пристапот до образованието и учењето, и ќе поттикне поширок дијалог и хоризонтална соработка, во регионот и пошироко, помеѓу секторите и помеѓу земјите.

Во рамките на конференцијата министерот Спасов ќе има свое излагање во коешто учесниците ќе ги запознае со мерките и активностите поврзани со предучилишното образование и раниот детски развој во Македонија.