Спасов: Нови капацитети за згрижување на деца во Скопје

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски направија увид во градежните активности за адаптација, реконструкција и опремување на простор во рамки на  училиштето „Ѓорче Петров“ во населбата Дексион, Општина Ѓорче Петров.

Ова е втора инвестиција на Министерството за труд и социјална политика. Минатата година отворивме нов  објект, нова детска градинка за 50 дечиња во Општина Ѓорче Петров и вложивме околу 4.000.000 денари како министерство. Во овој објект ќе инвестираме околу 3.000.000 денари и очекуваме начелно за еден месец да завршат градежните активности, а потоа општината заедно во соработка со градинката да го опремат овој простор, со капацитет за 150 дечиња, рече Спасов.

Спасов: Нови капацитети за згрижување на деца во Скопје
Спасов: Нови капацитети за згрижување на деца во Скопје

Спасов истакна дека ќе се  продолжи со активности за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од  предучилишна возраст и дека во моментов министерството инвестира во 14 општини при што  започнати се активности во соработка со општините, дел со градежни активности, дел со адаптација, дел со опремување на простор за нови 14 градинки и на тој начин  ќе се продолжи со зголемување на опфатот на деца од предучилишна возраст.

Спасов: Нови капацитети за згрижување на деца во Скопје
Спасов: Нови капацитети за згрижување на деца во Скопје

Како што ме информираше градоначалникот, планира  да се започне со изградба на еден нов објект, а исто така и министерството за труд и социјална политика планира инвестиција за 2016 година за изградба на уште една градинка во рамки на училиштето „Димитар Беровски, рече министерот.

Градоначалникот Митровски посочи дека изминатите години се направени бројни  напори за зголемување на капацитетот, отворени се 3 нови градинки во општина Ѓорче Петров и со тоа е зголемен бројот на згрижени деца за да можат родителите да си ги вршат своите обврски.

За еден месец ќе се започне  со изградба со нова градинка во месната заедница Мирче Ацев  за уште 50 дечиња.