Спасов: Отпишани долгови во износ од 7, 8 милиони евра

До средината на октомври биле поднесени вкупно 41 765 барања за еднократен отпис на долговите, а сите барања се земени во предвид, информираше денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на пратеничко прашање.

Досега се донесени 5 112 позитивни одлуки, што значи дека 5 112 семејства ќе добијат еднократно отпишување на долговите по основ на потрошена електрична енергија, топлификација, радиодифузна такса.

Спасов информираше дека според донесените позитивни одлуки досега е донесена одлука за еднократно отпишување на вкупен долг во износ од 481.126. 431 денари, или  7, 8 милиони евра, што претставува како што рече,  прилично сериозен и голем износ на пари.

Тој информираше дека се опфатени граѓани од сите општини, од сите националности за еднократно отпишување на долговите.

Тој посочи дека уште голем број барања се во процес на обработка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.