Исплатена социјалната парична помош зголемена за 10%

Исплатена социјалната парична помош зголемена за 10%

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес го посети Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во која изминатиот период во оваа институција се инвестирани околу 1,2 милиони денари во реновирање и создавање на посебни стамбени единици во кој што ќе престојуваат децата, во реновирање на кујната и во правење на фитнес центар односно набавени се и справи за спортување на младинците кои што се тука во Домот.

-Во оваа прилика би сакал да изјавам дека денес е исплатена социјалната парична помош зголемена за 10% на околу 30.000 семејства во Република Македонија. Ова е значително зголемување на социјалната парична помош за 10% и уште едно исполнување на ветување на проект од Програмата на Владата на Република Македонија. И покрај тоа што во програмата имавме зацртано, оваа година да ја зголемиме социјалната парична помош  за 5%, во меѓувреме изнајдовме сили и средства за да ја зголемиме социјалната парична помош за 10% и направивме соодветни измени на Законот за социјална заштита и веќе од денес на своите сметки, примателите на социјална парична помош околу 30.000 семејства имаат добиено повисока социјална парична помош.

За реализација на ова зголемување за 10% на ниво на една година ќе бидат обезбедени дополнителни 105 милиони денари односно 1,7 милиони евра.

Спасов истакна дека Владата и понатаму ќе продолжи за грижата на социјално ранливите категории на граѓани со  со низа мерки и проекти.

Социјалната парична помош изминатите години во просек е зголемена за 61,8%