Спасов: Постојано подобрување на стандардот на пензионерите

Постојано се подобруваат стандардот на пензионерите во Македонија, истакна, меѓу другото, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во своето обраќање на трибината „Жените во улога на лобисти за правата на пензионерите во организација” на  Дневниот центар за стари лица на Црвен крст на град Скопје.

Тој се осврна на заложбите на Владата во поглед на родовата еднаквост, како и од важноста која ја има жената во едно демократско општество. Спасов нагласи дека старите лица целосно го имаат правото да бидат рамноправни граѓани, правото да бидат заштитени и од дискриминација, како и рамноправно да ги уживаат своите човекови права.

Во мерките на Владата кои имаат за цел подобрување на животот и стандарот на оваа категорија на граѓани, Спасов ја спомена Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година, потоа развивањето на вониституционални форми за грижа и помош за старите лица, како дневните центри за стари лица и соработката невладиниот сектор на ова поле.

Во процесот на зголемување на капацитетите на старските домови, го спомена и нивното  лиценцирање како установи за социјална заштита на стари лица. Подoбрувањето на условите за престој во старските домови, како и изградбата на приватни старски домови преку низа олеснувања, ја потврдуват решеноста на  Владата, за нудење можности и за странските и домашни инвеститори.

Пред присутните, министерот Спасов ја нагласи решеноста за подобрување на стандардот на пензионерите преку континуираното зголемувањето на пензиите, кои токму во овој месец, ќе добијат зголемување од пет отсто. Проектот „Бањско-климатско рекреација” ја потврди успешноста преку бројките на лица кон минатите години ја искористиле оваа понуда.

Презентирајки ги сите успеси на полето на соработка меѓу Сојузот на здруженија на пензионери и ресорното министерство, Спасов потенцираше дека  претстојат уште многу иницијативи и проекти кои ќе го подобруваат стандардот  и животот на старите лица.