понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 0

Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на пензионерите

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ се предвидени голем број проекти за подобрување на животот и на пензионерите, меѓутоа и на сите граѓани во нашата држава. Се предвидени проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните, а исто така и на квалитетот на живот на нашите сограѓани, изјави дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов, кој денеска ја посети општина Гевгелија.

спасов

Поврзани вести

Според него, подобрувањето на животниот стандард на пензионерите во Република Македонија е особено важно. Изминатите години, потенцира, тоа го докажавме со низа проекти коишто ги реализиравме.

Просечната пензија се зголеми за 70 проценти, најниската пензија се зголеми за околу 90 проценти изминатите 10 години. Оттука, планирано е во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ да продолжи трендот на зголемување на пензиите. Планирано е зголемување на пензиите за 10,25 проценти. Исто така, планирано е да продолжат и најдобрите проекти коишто дадоа голем резултат изминатите години, како што е проектот „Бесплатна бањско-климатска рекреација“ при што е планирано да бидат опфатени околу 22.000 пензионери, проектот „Бесплатен туристички викенд“ со којшто планираме да бидат опфатени околу 12.000 пензионери, рече Спасов.

Нагласи дека имаат и нови проекти коишто значат и нови придобивки за пензионерите, при што е планирано Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да склучи договор со повеќе македонски компании коишто ќе овозможат плаќање на производите коишто ќе ги продаваат на рати со административна забрана на пензијата на пензионерите без камати.

Информира дека договори ќе се склучат со маркети и голем број македонски компании преку Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, за да им се овозможи на пензионерите денови за попуст на производите коишто ги продаваат тие ланци маркети.

Што значи, уште неколку поволности за пензионерите, намалување на нивните трошоци, подобрување на нивниот живот. Исто така, ќе продолжи и проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај, бесплатен превоз во градскиот сообраќај за корисниците на пензии. Оттука, продолжуваме со континуирано преземање мерки што ќе значат подобрување на животот на пензионерите во нашата држава, додаде Спасов.

Најчитани вести