Македонија

Спасов: Преку „Македонија вработува“ вработени над 3.500 лица

Спасов: Преку „Македонија вработува“ вработени над 3.500 лица

Преку проектот „Македонија вработува“ вработени се над 3.500 граѓани во сите општини низ земјава, со што овој проект има голем ефект, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при денешната посета на штипскиот Центар за социјални работи.

– Во Штип преку овој проект досега се имаат вработено 202 лица, што е вистински показател за успешноста на овој проект и токму тука во Општина Штип да се помогне на 202 семејства во период од два и пол месеца за да стигнат побрзо и полесно до работа, да стигнат до егзистенција и до редовно работно место, рече Спасов.

Тој додаде дека токму поради позитивните резултати  проектот „Македонија вработува“  ќе продолжи, а ги повика приватните компании да се вклучат во него и да помогнат на невработените лица да дојдат се вработат, а на тој начин ќе и помогнат и на македонската економија.