Спасов: Продолжува трендот на зголемување на социјалната помош

Измените на Законот за социјална заштита кои треба да овозможат зголемување на социјалната парична помош и постојаната парична помош за пет проценти веќе влегоа во собраниска процедура во прво читање. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека ова значи продолжување на трендот на поддршка за овие ранливи категории граѓани.

– Со самите измени се предвидува продолжување на трендот на зголемување на социјалната парична помош и на постојаната парична помош за граѓаните коишто се наоѓаат во најтешка ситуација и кои се приматели на оваа парична помош при што се предвидува зголемување за пет проценти од јули 2015, рече Спасов.

Спасов додаде дека од 2006 до 2013 година социјалната парична помош се зголемила за 47 проценти, додека постојаната парична помош се зголемила за 46 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.