Спасов: Проектот за бањско-климатска рекреација на пензионерите е целосно бесплатен

Во однос на проектот бесплатна бањско климатска рекреација, кој се реализира од 2010 година, продолжува да се реализираи во 2015 та година и во рамки на објавениот повик голем број пензионери веќе пројавиле интерес, посочи министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката Љубица Буралиева.

Тој појасни дека во рамките на проектот обезбедени се сретства и за бесплатен превоз на пензионерите, покрај бесплатната бањско климатска рекреација која што се реализира во четирите бањско климатски центри во Република Македонија.

– Овој проект е целосно бесплатен, односно се работи за манипулации, односно да се фрли една црна дамка на еден добар проект, потенцираше министерот на прашањето дали во одредени случаи доколку пензионерот користел бањско климатска рекреација се намалува износот на посмртната помош за семејствата.

Тој појасни дека посмртната помош изнесува 30 000 денари и дека намалување на оваа сума е можно само доколку пензионерот има долг кон извршител или по основ на исплатена пензија по смртта на пензионерот.