Македонија

Спасов: Проектот за бесплатен одмор продолжува оваа зима

Спасов: Проектот за бесплатен одмор продолжува оваа зима

Две илјади деца од социјално загрозени семејства го искористија правото на летен одмор во одморалиштето во Струга, а проектот ќе продолжи и оваа зима, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при денешната посета на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Велес.

Тој додаде дека овој одмор се реализира во изминатите три години, а со него се опфатени над 8 илјади деца, од кои 6 илјади искористиле летен одмор, а 2 илјади зимски.

„Проектот ќе продолжи и оваа зима во зимските центри во Македонија, во декември ќе биде аплицирањето, а ќе се искористи во јануари 2015, за оние деца кои ги исполнуваат условите, а ќе продолжи и понатаму“, најави Спасов.

Тој нагласи дека за дневниот  центар за слепи и деца со оштетен вид остварени се разговори со локалната власт.

„ Во опција се и простории на Агенцијата за вработување каде одамна функционира и Дневен центар за деца и млади со посебени потреби. До крајот на годинава ќе се прави проценка во рамки на буџетот да се одбере најсоодветното решение за отворање на Дневен центар за лица со оштетен вид во Велес“, појасни министерот Спасов.