четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 48

Спасов: Работниот однос на 222 вработени во детските градинки e трансформиран

Спасов: Работниот однос на 222 вработени во детските градинки e трансформиран

Спасов: Работниот однос на 222 вработени во детските градинки e трансформиран

Последни вести

На 222 лица вработени во детските градинки денеска ќе им биде трансформиран работниот однос на неопределено време, согласно Законот за транформација во редовен работен однос, најави заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, при денешната посета на Делчево.

Останува уште да се заврши третата и финална фаза од овој проект за трансформација на волонтерите и договорците, лицата кои се ангажирани со договор на дело или авторски договор во градинките во редовен работен однос, согласно Законот за трансформација во редовен работен однос кој е проект на Владата на Република Македонија, рече Спасов.

Третата фаза, ќе опфати уште околу 200 вработени односно вкупно со преку целиот проект ќе бидат опфатени 670 лица кои ќе бидат ангажирани во детските градинки.

Спасов: Работниот однос на 222 вработени во детските градинки e трансформиран

Спасов: Работниот однос на 222 вработени во детските градинки e трансформиран

Спасов, кој заедно со градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански, изврши увид во градежните активности на детската градинка „Весели цветови“,  оцени дека во соработка со општините се реализира проектот на Владата за зголемување на капацитетите во детските градинки и за изградба на нови објекти коишто ќе се отворат во наредниот период.

Општина Делчево е вистински пример на општина која инвестира во делот на зголемување на капацитетите и на квалитетот на услугите на детската градинка. Во општината има потреба за зголемување на дополнителни капацитети за околу 100 дечиња во детската градинка колку што има и листа на чекање. Овој објект очекуваме да биде завршен околу средината на 2016 година и целосно ќе се реши проблемот на родителите од оваа општина, ќе се создадат услови да се згрижат сите дечиња во детската градинка, рече Спасов.

Градинката „Весели цветови“ заеднички проект на Министерството за труд и социјална политика и општина Делчево. Општината треба да инвестира во изградба на објектот, а Министерството во опремување.

Обрската на Министерството за овој проект во Делчево е да ја набави опремата којашто ќе биде современа и треба да овозможи комплетно опремување на детската градинка. Очекувам од јануари да се распише тендерот за набавка на опремата за детската градинка истакна Спасов.

Доградбата на детската градинка подрзабира изградба на четири занимални и таа ќе биде градена по современи стандарди, а ќе биде и енергетски ефикасна.

Градоначалникот Шехтански очекува со новите занимални да бидат згрижени уште 100 дечиња од предучилишна возраст.

Досега општина Делчево има инвестирано од сопствениот буџет 2,7 милиони денари за изградба на карабината на објектот, а дополнителни 17,5 милиони денари имаме обезбедено со задолжување од Светска банка за доизградба на градинката, рече Шехтански.

Заменик-министерот Спасов имаше средба и со вработените во детската градинка каде во моментов се згрижени 260 дечиња, а за нив се грижат 33 вработени. Со пуштањето во функција на новиот дел се очекува во градинката да се згрижат уште 100 дечиња, а планирани се уште шест нови вработувања.

Најчитани вести