Спасов: Само со посветеност и труд може да се дојде до успех

Уште во времето на студиите треба да се стави до знаење дека само со труд и посветеност ќе може да дојде до успех, смета министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во став искажан преку пост на својот Фејсбук профил.

Според Спасов, треба да ги оставиме позади нас навиките по скратен пат да се дојде целта, во овој случај дипломата или оценката.

-Постојано се говори колку е важна конкурентноста на пазарот на трудот, дека има значителен недостаток и дека се потребни многу повеќе квалификувани кадри, за развојот на секоја компанија, за развојот на секој сектор и за развојот на државата, особено на приватниот сектор му се потребни кадри кои познаваат повеќе вештини, квантум на знаење на вработените. Ова се тие одлучувачки времиња, уште во времето на студиите треба да се стави до знаење дека само со труд и посветеност ќе може да дојде до успех. Треба да ги оставиме позади нас навиките по скратен пат да се дојде целта, во овој случај дипломата или оценката, напиша министерот Спасов.

Тој додава дека од некаде мора сериозно да се почне и нема потреба од резерви кон државниот испит, кога се ќе биде толку транспаретно и достапно.

-Тоа е само потврда на стекнатото и значително подигнување на квалитетот. За таквиот испит кој ќе се воведе за новите студенти, не треба да се прилепува подбуцнато незадоволство од поединци и групи кои се веќе вообичаен декор против секоја мерка и секоја реформа на Владата, напиша Спасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.