Спасов: Се разгледува можноста земјоделците да добијат старосна пензија

Исплатена социјалната парична помош зголемена за 10%

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на денешната седница посветена на пратенички прашања говореше за враќањето во примена на Законот за старосно осигурување на земјоделците кој што бил во примена од 1978 до 1988 година, и за решавање на проблемот на неколку десетици земјоделци.

Спасов посочи дека во 2012-та година, веќе еднаш бил детектиран овој проблем и оти биле направени измени и одредбите важеле 6 месеци, поточно од август 2012-та до февруари 2013-та година.

Информираше дека со овие измени решен е проблемот на 645 пензионери, кои го имаат регулирано стажот врз основа на овие одредби кои престанале да важат и се стекнале со право на пензија.

-Моментално во фаза на разгледување е детална информација, која влезе во владина процедура.Очекуваме комисиите на Влада и економскиот совет на Владата на Република Македонија да ја разгледа оваа информација, рече министерот и напомена дека станува збор за  сосема различен проект од новиот проект на владата на РМ, за откуп на стаж на работници кои што во минатото работеле во компании кои што не им го платиле стажот, а повеќе не постојат.

– Со овој проект право имаат сите граѓани кои што работеле, а не им бил исплатен стажот, да си го отплатат стажот со повластена постапка на рати и со тоа да се стекнат  со право на старосна пензија, рече Спасов.