Македонија

Спасов: Се зголемува бројот на вработени во детските градинки

Спасов: Се зголемува бројот на вработени во детските градинки
Спасов: Работниот однос на 222 вработени во детските градинки e трансформиран

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на поставувањето на камен темелник на нова детска градинка во населба Пинтија, општина Кисела Вода информираше и за зголемувањето на бројот на вработени во детските градинки.

– Еден од нашите приоритети е континуирано зголемување на стандардите во детските градинки во рамките на тој приоритет и во рамки на континуираното зголемување на бројот на вработени согласно стандардите за згрижување на деца во предучилишна возраст.  Согласно законот за трансформација, во редовен работен однос на договорите на волонтерите и хонорарците кои што досега работеа во детските градинки ширум Република Македонија кој што го донесе Владата на Република Македонија на почетокот на оваа година, вкупно ќе се трансформираат во редовен работен однос  договорите за вкупно 662 вработени во детските градинки во Република Македонија. Ќе се реализира во 3 фази односно околу  230  согласности и договори за транформација  ќе бидат потпишани веднаш односно до крајот на овој месец, потоа во втората фаза се околу 220 договори и во третата фаза околу 200 договори со тоа значително  се подобруваат стандардите се унапредуваат истите меѓутоа и 662 вработени  ќе добијат редовен работен однос во детските градинки, рече Спасов.

Министерот истакна дека до почетокот на оваа година и минатата  година биле обезбедени вкупно 250 нови вработувања во детските градинки што, како што рече, е дополнително унапредување на стандардите во детските градинки.