Спасов: Сите избори ги добиваме како резултат на чесниот пристап на граѓаните

Сите избори ги добиваме како резултат на чесниот пристап на граѓаните, со макотрпна работа, истакна заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов на вечерашната трибина на ВМРО – ДПМНЕ во Дебар која се одржува во рамки на проектот „На Македонија и треба твојата идеја“.

Спасов истакна дека се присутни да ги слушнат идеите на граѓаните, да ѓи анализираат и да ги вментат во новата програма на ВМРО – ДПМНЕ.

Тука сме да ги слушнеме вашите барања и да го зададеме финалниот удар на неконструктивните политики на СДСМ. Ние сме партија која ветува и ги реализира идеите, вашиот глас е глас за народот и тоа го правиме во овие девет години и затоа имаме двојно поголем рејтинг од нашите опоненти. Од друга страна имаме политичка структура која со измислени афери и со неработење сака да ја оцрни Република Македонија. Сите избори ги добиваме како резултат на чесниот пристап на граѓаните, со макотрпна работа, истакна Спасов.

Тој најави дека оваа Влада ќе продолжи со мерките за вработување и истакна дека само во Дебар како резултат на владините мерки отворени се преку петстотини работни места.