Спасов: Создаваме услови за подобар живот на лицата со интелектуална попреченост

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денес беа во посета на мала станбена единица наменета за згрижување на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост која работи во рамки на Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака – Неготино“ од Неготино.

dime-spasov-1-1-1-1

Организираното живеење во вакви заедници во каква што присуствуваме денеска влијае во голема мера за подигнување на степенот на самостојност, на развој на лицата кои што се згрижени во ваквите станбени единици, на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост. Влијае за подобрување на нивната социјализација и интеграција, за нивното учество во општествениот живот, нивниот личен развој. Токму заради тоа, процесот на деинституционализација, односно згрижување на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост во мали станбени единици мора да продолжи. Наместо нивното згрижување во институции од затворен систем Министерството за труд и социјална политика во соработка со граѓанскиот сектор со невладините организации изминатиот период се труди што е можно поголем број на лица со попреченост да бидат згрижени во мали станбени единици каде што за нив се грижи високо обучен кадар, квалитетен кадар, социјални работници, дефектолози, негуватели итн, кои што им пружаат навистина одлични услови за живот и влијаат за подобрување на нивниот живот, рече Спасов.

dime-spasov-1-1

Во малата станбена единица, што денес ја посетија Спасов и Апостолов се згрижени пет лица со интелектуална попреченост.  Вкупно на територијата на Република Македонија 76 лица се згрижени во 16 вакви единици, сместени во Неготино и во село Волково.

Тие самите се задоволни од организацијата на нивниот живот и токму тоа не мотивира да продолжиме и понатаму со овој процес на деинституционализација. Досега, финансиски поддржуваме вкупно 76 лица да бидат згрижени во ваква форма на организирано живеење со 24 часовна поддршка во вакви заедници кои што се и најблиски со семејните. За овие намени Министерството за труд и социјална политика на годишно ниво издвојува вкупно 16 милиони и 500 илјади денари со кои што го финансираме процесот на деинституционализација. Набрзо ќе биде објавен јавен повик за отворање на уште една станбена единица додека пак продолжуваме со реализација на Акцискиот план на Министерството за труд и социјална политика за во наредните четири години да го дуплираме бројот на корисници во мали станбени единици, односно да го продолжиме процесот на  деинституционализација кој што е вистински пример за непосредна, директна грижа и подобрување на животот на лицата со интелектуална попреченост кој што немаат каде да живеат или немаат соодветна грижа во нивните домови, преку оваа форма на згрижување да им се подобрат условите за живот и да им се овозможи квалитетен живот, рече тој.

dime-spasov-1-1-1

Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов нагласи дека Општината има контиуирана соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Тековно низ целата година организираме разни манифестации. Се подготвуваме, во текот на летниот период тие треба да заминат на летување во Љубаништа и ние како општина чувствуваме потреба да им обезбедиме барем превоз на двете групи што ќе патуваат и сметам дека и во идниот период ќе им обезбедуваме во рамки на нашите можности, во зависност од потребите на корисниците на Дневниот центар Порака, секакви материјали што им се потребни за нивниот секојдневен живот, вели Апостолов.

dime-spasov-3

Претседателката и координаторката на Центарот за ментална помош на лица со ментален хендикеп „Порака – Неготино“ од Неготино, Гордана Трајковска напомена дека овој Центар веќе 6 години наназад успешно го имплементира процесот на деинституционализација на лицата со попреченост, односно со ментален хендикеп во Република Македонија.

Значи 76 корисници кои порано долги години живееа во Институции сега се дел од процесот и живеат во куќи и станови како и сите други, како и сите ние кои што живееме во заедница. Нивното живеење е најблиску до едно семејно живеење. Овие лица, бидејќи се со умерена и тешка попреченост живеат со поддршка. Ова е еден од најхуманите и најубавите начини за лицата да бидат задоволни, да бидат во своите куќи и станови, живеат во 16 заедници во 4 куќи и еден стан и во 4 куќи во Волково. Четириесет и тројца живеат во Неготино, 33 во Волково, 70 отсто од куќите и од дневните центри се сопственост на „Порака – Неготино“, така што „Порака – Неготино“ со својот кадар со капиталот кој што го вложува со долготрајно работење од 2003-тата година е еден од сериозните партнери во Министерството за труд и социјална поитика и ние се трудиме оваа доверба да ја оправдаме. Работиме интензивно со нашите корисници на нивното осамостојување, за да можеме секоја година да ја намалуваме поддршката, значи тие се осамостојуваат меѓусебно, се поддржуваат, имаме поддршка и од страна на асистенти и од стурчен кадар и така овозможуваме овие луѓе да се инклузираат и да станат дел од нашата заедница, рече таа.

dime-spasov-2

Според неа клуч на успешноста во нивната ребота е соработката што тие ја имаат со Минситерството за труд и социјална и Центрите за социјална работа.

Така заедно невладиниот сектор и државниот сектор може да направи нешто што е хумано и нешто што е на завидно ниво за овие седум години, рече таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.