Спасов во Куманово: Преку мерката за вработување млади досега се вработени 12. 160 лица

Мерката за вработување на млади во овој момент вроди со цели 12.160 вработувања. Очекувам во текот на денешниот ден да има и одредено зголемување на бројот на вработени. Сепак за две години преку оваа мерка успеавме да вработиме над  12.160 млади лица до 29 години, а од друга страна да им помогнеме на огромен број на компании да заштедат средства и да вработат млади лица.

Ова го нагласи заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија Зоран Ѓорѓиевски денес беа во посета на компанијата за производство на чевли „Тушевски“ во Куманово.

Спасов и Ѓорѓиевски во посета на компанија за производство на чевли „Тушевски“
Спасов и Ѓорѓиевски во посета на компанија за производство на чевли „Тушевски“

Мерката за вработување млади завршува денес, досега вработени 12.160 лица

Како што нагласи Спасов, целта на посетата на компанијата е на лице место да направат увид во тоа како се одвива досегашната соработка со Центарот за вработување во Куманово, како се реализираат мерките за вработување, дали тие помагаат во проширување на дејноста и во зголемување на бројот на работни места.

Спасов и Ѓорѓиевски во посета на компанија за производство на чевли „Тушевски“
Спасов и Ѓорѓиевски во посета на компанија за производство на чевли „Тушевски“

Како што ме информираше и сопственикот, тие се наш долгогодишен партнер и долги години ги користат поволностите кои што ги нуди владата на РМ за отворање на нови работни места. Има учествувано во повеќе мерки и проекти за вработување, од обуки до мерката за вработување млади лица до 29 години, која што започнавме да ја реализираме во март 2014-тата година. Со проектот за вработување на млади лица до 29 години практично започна и иницијативата за воведување на проектот „Македонија вработува“. Оваа мерка за вработување на  млади лица до 29 години со значително ослободување на трошоци кои што ги имаат работодавачите, приватните компании за отварање на нови работни места, односно ослободување од дури 37 проценти од бруто платата за отплаќање придонеси за секое нововработено младо лице до 29 години, цели 12 месеци со обврска да ги задржат на работа дополнителни 12 месеци. Мерка која што во голема мера им помогна на компаниите да го прошират својот бизнис, да го зголемат бројот на работни места. Оваа мерка завршува денес, после 2 години може слободно да кажам дека ја постигна својата цел. Дека е една од најупсешните мерки која што ја имаме реализирано како Министерство за труд и социјална политика и преку Агенцијата за вработување. Мерката за вработување на млади во овој момент вроди со цели 12.160 вработувања. Очекувам во текот на денешниот ден да има и одредено зголемување на бројот на вработени. Сепак за две години преку оваа мерка успеавме да вработиме над 12.160 млади лица до 29 години, а од друга страна да им помогнеме на огромен број на компании да заштедат средства и да вработат млади лица, рече тој.

Проектот „Македонија вработува“ е во примена до 15-ти април

Спасов напомена…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.