Спасов во Куманово: Преку мерката за вработување млади досега се вработени 12. 160 лица

Спасов напомена дека проектот „Македонија вработува“ сеуште е во примена, и ќе трае до 15-ти април кога и завршува.

Спасов и Ѓорѓиевски во посета на компанија за производство на чевли „Тушевски“
Спасов и Ѓорѓиевски во посета на компанија за производство на чевли „Тушевски“

Би сакал да ги поттикнам сите приватни компании да ги искористат големите можности, да аплицираат за овој проект и да помогнат и во намалување на невработеноста.  Исто така овие два проекти и во голема мера и влијаеа за намалување на невработеноста. Заклучно со четвртиот квартал невработеноста изнесува 24, 6 проценти. Големо намалување од 2014-тата до 2015-тата година за цели 3 проценти. Ако на крајот на 2014-тата година невработеноста беше 27, 6 проценти, сега веќе изнесува 24, 6, што, е уште еден успех и резултат на политиките на Владата на РМ за намалување на невработеноста во нашата држава и креирање на нови работни места, рече тој.

Споственикот на комапнијата за производство на чевли „Тушевски“, Ерик Тушевски рече дека во моментов компанијата Тушевски има 180 вработени лица и целокупното производство е наменето за германскиот пазар, за познат бренд од Германија, а изрази надеж дека во наредниот период со проширување на работата дополнително ќе се зголеми и бројот на вработени.

spasov-kumanovo-6

Ние сме корисници на дел од мерките на Владата, Така што во изминатата и во тековната година имаме вработено 57 млади лица до 29 години и планираме да вработиме уште 10 лица преку мерките на Владата, рече Тушевски и во името на неговата компанија ги охрабри и другите приватни компании да ги искористат овие мерки, кои што, како што рече, на самите компании им носат бенифит, а се решава и проблемот со невработувањето.

Пратеникот во Собранието на Република Македонија Зоран Ѓорѓиевски потенцира дека Куманово е град со најголема невработеност во Република Македонија.

Куманово како град со најголема невработеност во Република Македонија  и главна задача нам политичарите кои доаѓаме од градот е намалување на оваа стапка во сите оние сфери каде што може да се помогне, рече тој.