недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 23

Спасовски наредил Чауш да ги тргне заедничките фотографии

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски наредил соработникот на Зоран Заев, Захир Бекири Чауш од социјалните мрежи да ги избрише заедничките фотографии, пишува порталот „Курир“.

zahir_bekiri-30ink88g9gv2qq8yp0wzk0-640x316

Поврзани вести

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски наредил соработникот на Зоран Заев, Захир Бекири Чауш од социјалните мрежи да ги избрише заедничките фотографии, пишува порталот „Курир“.

Порталот пишува дека профилот на Чауш на социјалната мрежа Фејсбук синоќа беше е отворен, но заедничките фотографии со Спасовски, кои јавноста имаше можност да ги види, се отстранети. Денес неговиот Фејсбук профил не постои. Вчера првосомничениот во „Фабриката за афери“ на СДСМ, Чауш објави фотографија од затворот Идризово.

rnje

Остана отворено прашањето од каде му е мобилниот телефон на Чауш во Идризово, особено ако се знае дека е строго забранет во затворите, а казната за користење е одреден период во самица.

Пресс24, пак, вчера објави и дека специјалната обвинителка Катица Јанева е пријателка на социјалната мрежа со сопартиецот и соработник на Заев.

caus-640x824

На листата пријатели на Чаушот може да се најде и потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, советникот на ЛДП во Советот на Град Скопје Зоран Шапуриќ како и пратеникот на опозицијата во македонското Собрание, Љубомир Јосифовски.

caus-1-640x1099

Најчитани вести