ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски дозволи толпата да го преземе законот во свои раце

Оливер Спасовски вчера дозволи толпата да го преземе законот во свои раце, да пали дрвја, да урива огради и да узурпирајќи јавен имот на територијата на општина Бутел. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди вчерашното насилие и беззакони што беше демонстрирано во општина Бутел, истакна Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Ѓорчев:

МВР има уставна обврска да ги штити законите, редот, мирот и безбедноста на граѓаните.

Оливер Спасовски не ја исполни оваа своја уставна обврска.

Оливер Спасовски и Едмонд Адеми од СДСМ вчера беа срам за уставниот поредок на Република Македонија.

Оливер Спасовски вчера дозволи толпата да го преземе законот во свои раце, да пали дрвја, да урива огради и да узурпирајќи јавен имот на територијата на општина Бутел.

Оливер Спасовски и неговите инсталирани послушници од СДСМ во МВР вчера избегаа од одговорноста за која се платени од граѓаните на Македонија и не дадоа наредба на полицијата да ја спречи толпата која што спроведуваше сопствен закон.

Ваквото однесување на Оливер Спасовски е недозволиво, кукавичко и целосно неодговорно.

Ваквото однесување на Оливер Спасовски може да биде повод граѓаните да почнат самите да ја штитат својата безбедност, самите да ги штитат своите општини и самите да се борат за почитување на Уставот и законите на Република Македонија.

Тоа ќе значи вовед во понатамошен хаос, нешто што е спротивно на интересите на граѓаните на македонија и на секој оној што ја сака Република Македонија.

Затоа ВМРО ДПМНЕ инсистира Оливер Спасовски да престане да се крие и да постапи согласно овластувањата кои што ги има на располагање. Во минатото полицијата се соочуваше и со многу потешки ситуации. Полицијата порано покажуваше дека доколку тој што ја командува има капацитет да командува, тогаш може да превенира состојбата и полицијата можеше порано да се сочува со многу посериозни кризи.

Секој понатамошен инцидент што ќе произлезе од немото и безгласно толерирање на беззаконието од страна на Оливер Спасовски ќе биде на негова одговорност и на одговорност на СДСМ која како партија номинираше кадар што апсолутно нема капацитет да биде на ниво на обврските што ги има и состојбите што се случуваат.

Доколку Оливер Спасовски не издаде наредба за полициска асистенција со која повторно ќе се воспостави ред во главниот град Скопје, на Република македонија, тогаш Оливер Спасовски ќе стане соучесник во сценариото за крв на улиците што го најави неговиот советник и колега од СДСМ Едмонд Адеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.