сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Спасовски: Граѓаните ќе имаат информации во кои проекти се вложуваат парите

Тој додаде дека сите државни институции ќе имаат обврска да објавуваат детални месечни извештаи за сите исплатени средства од буџетот, а исто ќе се објавуваат и обврските што не се исплатени заедно со соодветно образложение.

spasovski

Последни вести

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Охрид порача дека граѓаните на Македонија ќе имаат увид во трошењето на секој буџетски денар, ќе имаат редовни и точни информации за тоа во кои проекти се вложуваат парите на граѓаните што се слеваат во буџетот на РМ.

Тој додаде дека сите државни институции ќе имаат обврска да објавуваат детални месечни извештаи за сите исплатени средства од буџетот, а исто ќе се објавуваат и обврските што не се исплатени заедно со соодветно образложение.

На прашање дали СДСМ планира да поставува двојазични табли на тероторијата на целата држава, Спасовски истакна дека партијата има јасен став по прашањето, со образложение дека со Уставот и законите го регулираат прашањето на употребата на јазиците и тоа е моделот во која треба да се движат работите.

Најчитани вести