среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Спасовски и Хованец го посетија транзитниот центар во Гевгелија

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Чешка, Оливер Спасовски и Михаил Хованец, денеска го посетија ПТЦ Гевгелија и припадниците на полицијата од двете земји кои ја штитат јужната граница на Македонија, пишува МИА.

spasovski-hovanec

Поврзани вести

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Чешка, Оливер Спасовски и Михаил Хованец, денеска го посетија ПТЦ Гевгелија и припадниците на полицијата од двете земји кои ја штитат јужната граница на Македонија, пишува МИА.

Македонскиот министер Спасовски изрази благодарност за учеството на чешките полицајци во обезбедувањето на границата со Грција и истакна дека очекуваме мудра одлука на земјите од ЕУ затоа што ние не сме изворот на бегалската криза и потребно е заедничко дејствување за ефикасно решение.

Проблемот мора да се решава во земјите од каде што потекнуваат бегалците затоа што секое друго решение не е решение.Ние ќе може да примаме толку бегалци колку што ќе можат да примат земјите од балканската рута и во тој дел ќе се придржуваме на сите досега донесени заклучоци. Должни сме како земја да обезбедиме хуман третман на луѓето кои што бараат заштита од нас и транзит, но исто така мора да обезбедиме стабилност и безбедност на граѓаните на Република Македонија и од тоа начело нема да отстапиме во ниту еден момент. Македонија направи многу за решавање на бегалската криза и им благодарам на сите што ни помогнаа,особено на Чешката Република и Вишеградската група и се надевам дека таа соработка ќе продолжи за доброто на Македонија и сите држави, изјави министерот Спасовски.

Чешкиот министер за внатрешни работи, Михаил Хованец потенцира дека е дојден во нашата прекрасна земја да се заблагодари за помошта што Македонија ја дава во справувањето со бегалската криза. Хованец понуди уште помош од земјите на Вишеградската група и е заблагодари на убавите зборови од министерот Спасовски.

Со ваквите зборови се создаваат мостови за понатамошна соработка и нејзино проширување. Ние сфаќаме дека притисокот од бегалскиот бран кој минува низ Македонија  ќе се засилува и сакам да потенцирам дека сме свесни за ова и истовремено подготвени да го преземеме својот дел од одговорноста, рече Хованец.

Тој нагласи дека за Чешка е важно да се одвојат економските мигранти од другите и се согласи со министерот Спасовски дека тоа треба да се прави во конзуларните претставништва на нивните земји затоа што во спротивно тешко ќе се контролира бегалскиот бран.

Најчитани вести