Спасовски и СДСМ едно зборуваат во опозиција друго кога се на позиција

Спасовски и СДСМ едно зборуваат во опозиција друго кога се на позиција. Технички назначениот министер Спасовски денеска се пофали со новиот мебел кој го набавил за своите соработници. Претходно неговата партија жестоко го напаѓаше секој буџет ветувајки дека ставката за набавка на канцелариски мебел и опрема ќе ја сведе на нула, објави „Курир“.

spasovski-mebel-mvr

Спасовски не кажа колку чинат новите фотелји и бироа, но од фотографиите објавени во медиумите, може да се заклучи дека новиот мебел воопшто не изгледа лошо.

Иако кај вработените постои задоволство од набавката на нов мебел, но дел од нив коментираат дека и старата опрема била сосема функционална и во добра состојба.

Вработените реагираат дека не би требало да има селективност, односно ако Спасовски решил да троши буџетски пари за набавка на нов мебел не треба да се ограничи само на неговите соработници.

Спасовски и соработниците се луксузираат во МВР

Претходно, порталот „Курир“ објави дека постоечките бироа и канцелариска опрема не биле доволно луксузни за тимот на технички назначениот министер за внатрешни работи па до надлежните организациски единици била издадена наредба веднаш да им биде донесена сосема нова опрема.

Исто така, поталот објави и дека Оливер Спасовски прилично богато и парично ги наградил своите први соработници.

Со оглед на тоа што станува збор и за неколку лица кои се во пензија, Спасовски склучувал со нив договори на сума од околу 60.000 денари. Тие 1.000 евра државни пари кои Спасовски одлучил да им ги исплаќа се двојно повеќе од основната плата што ја добиваат полициските службеници кои 24 часа ја обезбедуваат јужната граница, пишуваше порталот.

Порталот повикувајќи се на извори во МВР пишува дека техничкиот министер Спасовски не се „стегнувал“ ниту кога биле во прашање нарачките и набавките на мобилни телефони и компјутери за него и неговиот тим. Техничкиот министер преферирал Ај-фон, а истата желба ја имале и дел од неговиот тим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.